Деловни состаноци
Преговори, посета на фирма или објект, разговор со добавувач. Толкување на лице место, без опрема и без формална постапка.
Придружба · Германски и англиски
Состанок, нотар, шалтер или лекар — доаѓаме со вас и го водиме разговорот на германски или англиски.
Секаде каде што разговорот е поважен од документот.
Преговори, посета на фирма или објект, разговор со добавувач. Толкување на лице место, без опрема и без формална постапка.
Матична служба, катастар, управа за приходи, банка, осигурување. Придружба до шалтер и објаснување што точно се бара.
Преглед, специјалист, стоматолог. Разговорот се пренесува точно, вклучително и она што пациентот сака да го праша.
Потпишување договор, полномошно, купопродажба. Кај нотарски акти со странец присуството на судски преведувач е дел од самата постапка.
Разгледување, разговор со сопственик или агенција, обиколка на општина и катастар пред потпис.
Прв ден во непознат град — сместување, картичка за телефон, превоз, каде се јаде. Придружба, не туристичко водење.
Колку однапред јавите, толку подобро — но и истиот ден е можно.
Кажете датум, град и колку часа приближно. Viber, WhatsApp или е-пошта.
Фиксна цена за договорениот опсег, без обврска.
Го фиксираме терминот и се договараме за местото на средба.
Доаѓам на договореното место и останувам додека трае ангажманот.
Најбрзо преку Viber — испратете фотографија и добивате одговор истиот ден.
Одговараме истиот ден во работни денови.